речник контакт

900 велешани извршиле пререгистрација на автомобилите

Големата навалица за да се фати последниот рок. Најмнoгу пререгистрирани германски, па словенечки и италијански возила. Најмалку бугарски.

Петар Печков

Во четвртокот до доцна вечерта, до 20 часот во Велес се вршело пререгистрирање на возилата Еуро 1 со странски регистарски таблички. Големата навалица  за да се фати последниот рок било причината што и цариниците и шпедитерските фирми работеле со  продолжено работно време. Деветстотини автомобили од странство е бројката на која е извршена пререгистрација во домашни таблички во велешко.

Зошто да си правам сам на себе проблеми, вака кога државата решила да не се возат вакви автомобили, нека биде. Автомобилот го пререгистрирав во законскиот рок, иако имаше страшна гужва последниот ден, како да чекавме сите тогаш да за завршиме работата – вели велешанец кој наместо со бугарски отсега ќе вози македонски регистарски таблички.

Од овие 900 автомобили кои се пререгистрирани, најголем број, повеќе до половина биле германски, потоа следуваат словенечки и италијански возила а најмалку биле бугарски. Сепак низ градот можеше да се забележи дека некои сограѓани, во осетно мал број не ја испочитувале законската обврска и возеа со странски таблички.

Од СВР Велес  информираа дека првиот ден не е пишана ниту една казна.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »