речник контакт

9-ти Стрип салон Велес 2011

Врачени наградите за животно дело, за меѓународниот стрип конкурс. Овие два дена работилници и претеставување на гостите

Петар Печков

Со врачувањето на наградата ,,Љупчо Филипов,, на  Иванка Апостоловска од Скопје синоќа во Велес беше отворен 9-тиот меѓународен Стрип салон. Таа оваа награда ја добива за развој и афирмација на македонската  стрип уметност. Апостолова  ги има објавувано нејзините дела во 20-тина специјализирани  светски магазини за стрип и цртеж.

Задоволство ми е што го промовирам  и така го поддржувам македонскиот стрип и оваа уметност по светот. Благодарам што ми ја доделивте оваа награда и што  ја признавате мојата работа – изјави Апостолова. 

На годинашниот Стрип салон изложени се дела на Џамал Игл од САД, Кан Такахама од Јапонија, Фрида Бунзли од Швајарија, Ивица Сретеновиќ од Србија, Герта Опараку од Албанија и Гани Сундури од Косово, кои се присутни на манифестацијата. Дел од нив Игл, Такахама, Бунзли при престојот во Македонија одржаа повеќе стрип работилници во повеќе градови во земјава.

На отворањето беа доделени и наградите од меѓународниот  стрип конкурс, на кој учество земаа  78 автори од 32 земји во светот, од сите континенти. Првата награда Златен стрип ја добија авторите Иван Коритарев, Љубомир Илиев и Александар Трајанов од Бугарија, втората награда ја додели на Стеван Субашиќ од Србија а третата на аргенцинците Хулиан Роча и Николас Мартин Алехсандро.

Во време тридневното одржување на  манифестацијата во Ликовниот салон  отворена е стрип берза, каде се продаваат и купуваат стрип изданија. Денес и утре ќе има стрип работилници, како и претставување на гостите автори а ќе биде промовиран и  15-тиот број на стрипот ,,Креатор,,.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »