речник контакт

Bo 2025 година Основен суд Велес работел ажурно, сработил повеќе предмети околку што примил

Основен суд Велес има 14 судии, според систематизацијата треба да има 18. Лани беа примени три нови судијки

Петар Печков

Минатата година Основен суд Велес работел ажурно. Ова е оценката според бројот на прилив на нови предмети и сработени во текот на 2025 година.  Оценка е врз основа на разликата меѓу бројот на примени и решени предмети во годината.

Судовите кои решиле повеќе од примените предмети во текот на годината се ажурни, додека тие кои не успеале и го зголемиле бројот на заостанати предмети се неажурни.

„Минатата година судот ги намали бројот на предмети отколку што имаше на почетокот од годината. Во граѓанскиот оддел на почетокот од годината имало 906 предмети, новопримени предмети во работа се 3.200,  решени биле 2.272, останале во работа 948. Или има зголемување за 42 предмети на крајот од годината во граѓанскиот оддел. Во кривичниот оддел на почетокот на јануари лани имало  2.457 дела, новопримени се 16. 972,  биле решени 17.179, останале за решавање 2.406 на крајот на годината,  или намалување за 51 предмет. Или вкупно заедно со административната работа, Основен суд Велес ја започнал со 2.460, новопримени биле 18.167, решени биле 18. 372 ,  останале 2.411 предмети или намалување за 49 предмети. Со ова судот е ажурен. Тоа е придонес и на судиите, на вработените и на нотарите како повереници на судот во оставински те постапки“ – кажа претседателката на Основен суд Велес, Валентина Ѓорѓиевска. 

Основен суд Велес има 14 судии, според систематизацијата треба да има 18. Лани беа примени три нови судијки. Во администрацијата има недостаток на дактилографи што ја усложнува работата на судиите. 

В0 2025 година во Основен суд Велес нема работено ниту еден предмет од областа на животната средина. Работеле новопримени 46 кривични дела со малолетници, плус 11 заостанати од 2024, решени биле 50 останале осум за решавање годинава.

Со Одлука на Претседателот на Апелационен суд Скопје двајца кривичари  од Основен суд Велес, работат во Основен суд Неготино, како членови на Кривичен совет и членови на Совет за оцена на обвинителен акт. 

ТрМр праша за високиот број  скоро 17 илјади на  новопримени предмети во кривичниот оддел, претседателката  Ѓорѓиевска објасни 

„Во овој број влегуваат и сообраќајните, прекршочни предмети,  нарушување на јавен ред и мир, пријавите од инспекциите за поведување прекршочна постапка“ – рече Ѓорѓиевска.

ТрМр побара објаснување дали и како е надминат проблемот со бројните заостанати предмети во оставинските предмети за што Основен суд Велес информираше во ноември.

„Нотар замина во пензија, нејзините предмети ги зема колешка, од која беше побарано да ги работи старите добиени но и ново приемните. Таа во тоа успеа и бројот се намали“ – кажа Ѓорѓиевска. 

Според Законот за судови, секој суд е должен најмалку еднаш годишно  јавно да соопшти ефектот од работата во изминатата година. 

На објавата на резултатите на работата на Основен суд Велес, освен претседателката Ѓорѓиевска присуствуваа и  Дејан Перчинков    Заменик Претседател на Основен суд Велес, Шефшет Адеми  Претседател на Кривичниот  судски  оддел,   судијката Дара Арсова Претседател на Граѓанскиот судски оддел и  портпаролот судијката Наташа Андреева.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »