речник контакт

Bо двa случаи полицијата уапсила двајца крадци, откако го извршиле делото

По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок за сторителите

Петар Печков

Во два одвоени случаи, велешката полиција уапсила две лица, за кои постои сомнение дека извршиле кражба.

„На 2 февруари во 13.45 часот во СВР Велес било пријавено од зграда на ул.„Вардарска“ биле одземени повеќе предмети. Полициски службеници излегле на местото и набргу, по преземени мерки, бил пронајден сторителот Р.А.(51 год) од Велес“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на ВР Велес..
Кај Р.А.  биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„На 2 февруари  во 11 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31 год ) од Велес. Тој се сомничи дека околу 10 часот од продажен објект во Велес одзел повеќе предмети“- информираше Самарџиев.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »