речник контакт

Cедуммина возачи во Велес возеле под дејство на алкохол

Акциската контрола е спроведена сабота кон недела, поточно по полноќ, во траење од пет часа

Петар Печков

Нова сообраќајна акција за тоа дали возачите  управуваат возило под дејство на алкохол.  Акциската контрола е спроведена сабота кон недела, поточно по полноќ, во траење од пет  часа.

Недела  7-ми јули  од полноќ  до 5 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес извршиле контрола на возачи дали управуваат возилa под дејство на алкохол. Притоа, биле регистрирани 20 прекршоци, од кои во Велес седум, во Кавадарци 11 прекршоци и во Неготино два прекршоци - информираа од СВРВелес. 

Во претходната ваква акција од 23 јуни, спроведена на пладне, во Велес беа откриени деветмина возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »