речник контакт

Eдукативни активности „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме шумите од шумски пожари и бесправни сечи“

Биле посетени жителите на селата Отовица, Сујаклари, Иванковци и Мамутчево општина Велес, како и на подрачје на општина Чашка и село Извор

Петар Печков

Во селата Отовица, Сујаклари, Иванковци и Мамутчево општина Велес, како и на подрачје на општина Чашка и село Извор реализираа превентивно едукативни активности под мотото „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи“. 

„Во рамки на активностите на граѓаните им беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слични со цел брза и навремена реакција. Во текот на летниот период, поради зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви.“ – соопштија од МВР.

Превентивната активност е реалзирана од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка. 

фото МВР

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »