речник контакт

Eрупциите на Сонцето ќе се засилат во 2013 и ќе предизвикаат хаос во електричните комуникации на Земјата

Научниците предупредуваат cончевите бури може да имаат „разурнувачки ефект“ врз човековата технологија кога ќе го достигнат својот максимум за две години, предупредуваат водечките светски научници.

Петар Печков

Помошникот секретар во Американската администрација за океани и атмосфера, Кетрин Саливен, рече дека бурите претставуваат голема опасност за критичната инфраструктура, како што се сателитските комуникации, навигациските системи и опремата за електричен пренос на енергија.

Соларните бури создаваат честички кои можат првремено да ги исклучат и засекогаш да ги уништат чувствителните електрични кола кај компјутерите.

Д-р Саливен е поранешен астронаут во НАСА, која во 1984 стана првата жена која одеше во вселената. Таа на Конференцијата за времето на ОН во Женева кажа дека не е прашање дали ова ќе се случи, туку дека е прашање на време кога  голем сончен настан може да ја погоди нашата планета.

Таа не е единствениот експерт која објавува вакво предупредување во врска со заканата која можат да ја предизвикаат сончевите бури.

Голема ерупција може да испрати бранови радијација и електризирани честиучки на земјата, и да ги оштети компјутерите кои се користат за синхронизирање на компјутерите, навигацијата во авиосообраќајот и во телефонските врски.

Ако бурата е довлно силна, може да ги сруши и берзите и снабдувањето со електрична енергиија, кое може да трае со недели или дури и со месеци, изјавија експерти од Американската асоцијација за напредности во науката.

Шансите за пореметувања од вселената се зголемуваат затоа што сонцето влегува во најактивниот период во својот 11 до 12 годишен циклус.

Светот делумно ја почувствува силата на сончевата експлозивна моќ во фебруари, кога најсилната сончева ерупција во изминативе пет години испрати парче од наелектризирана плазма, која нагрна кон земјата со брзина од 580 милји во секунда.

Бурата создаде спектакуларна сончева аура и ги прекина радио комуникациите. Сончевите бури се предизвикани од огромни експлозии на сонцето.

Експлозиите ослободуваат бранови од икс-зраци и ултравиолетова радијација, која доаѓа кон земјата за неколку минути, прекинувајќи ги радио сигналте и оштетувајќи ја елекрониката и сателитите.

По нив, по 10 до 20 минути проследува бран од енергетски честички кои предизвикуваат уште поголем хаос кај сателитите - и потоа 15 до 30 часови подоцна, надоаѓа супернаелектризирана плазма која се судира со земјените магнетни полови.

Плазмата создава аура - или северна светлина - и може да индуцира електрични струења во електричните врски и во каблите. Сонцето минува низ вообичаен активен круг на секои 11 години. Последниот сончев максимум се случи во 2011. Последниот минимум беше прилично слаб но долготраен.

Вселенските бури не се новост. Првата голема сончема бура беше забележана од британскиот астроном Ричард Карингтон во 1859 годиина. Во изминативе децении беа набљудувани повеќе геомагнетски бури. Една голема сончева бура во 1972 година ги прекина телефонските комуникации на долги релации во државата Илиној, објави НАСА.

Една друга слична бура во 1989, предизвика геомагнетски бури која го прекина преносот на електрична енергија и предизвика целосен прекин во канадската провинција Квебек, изјавија од американската агенција за вселената.

текстот е превземен од Дејли мејл - Лондон

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »