речник контакт

Eден нов случај, вчера двајца ново заразени со ковид-19

Поради влошена состојба 70 годишен пациент од Велес префрлен на Инфективна клиника во Скопје. Во Велес има 21 активен случај со корона вирус

Петар Печков

До вчера вечер  Центарот за јавно здравје Велес регистрира еден  ново заразен а ден претходно двајца велешани биле позитивни на ковид-19.  Вчера се оздравени  двајца велешани.

Со ова има активни   21 пациент, осум  од нив се на Инфективно одделение, 12 се на домашно лекување и едно лице  е префалено на Инфективна клиника во Скопје.

Вчера имаме еден случај,  жена која се заразила од семејството  и  е на домашно лекување.  Претходно имавме два случаи, на лица кои веќе беа хоспитализирани на Инфективно одделение - изјавија од Центарот за јавно здравје. 

Вкупно има досега заразени 281, од нив оздравени се 246, 14 лица се починати.  

На Инфективното одделение има 13 хоспитализирани пациенти,  12 се потврдено позитивни и за еден се чекаа резултати. Еден пациент од Велс на 70 годишна возраст, поради вложена здравствената состојба е пренесен на Инфективна клинка во Скопје а ден претходно  и еден пациент од Свети Николе - изјави д-р Весна Николовска, Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »