речник контакт

Google, YAHOO! и msn манипулираат со светот

Влијанието на Google, YAHOO! и msn, преку кои се вршат повеќе од 90 проценти од пребарувањата на Интернет, ги загрижува медиумските експерти, кои сметаат дека...

lj lkjl

Влијанието на Google, YAHOO! и msn, преку кои се вршат повеќе од 90 проценти од пребарувањата на Интернет, ги загрижува медиумските експерти, кои сметаат дека таквата концентрација на моќ е незамислива во класичниот медиумски сектор. Марсел Махил, професор по новинарство на факултетите во Лајпциг и Дортмунд, стравува дека овие компании би можеле да ги злоупотребат своите позиции, манипулирајќи со резултатите во пребарувањето. - Важно е да не дозволиме нивната моќ да расте неконтролирано, рече професорот Махил на крајот од дводневната конференција во Берлин, во организација на фондацијата Фридрих Еберт, на која што присуствуваа експерти од САД, Швајцарија, Норвешка, Шпанија и Грција. Според истражувањето на Комскор Нетворк, спроведено во април оваа година, скоро 700 милиони лица постари од 15 години користат услуги од Интернет, од кои најголемиот број во САД (152 милиони) и во Кина (72 милиони). Мајкрософт има 538 милиони корисници, Гугл 495 милиони, а Јаху 480 милиони корисници. Говорејќи за етиката на компаниите за пребарување, Хендрих Спек од германското Здружение за унапредување на пребарувачката технологија, рече дека она што го работат веб-администраторите, вклучувајќи ги и аналитичарите на Гугл, е модерен облик на проституција - проституција на податоци. Поголем број експерти сметаат дека владите на државите мораат да бидат информирани со начинот на кој што компаниите за пребарување им нудат информации на корисниците и треба да имаат можност за дополнителна контрола на нивната работа, ако се појави таква потреба. Претставници на Гугл и Јаху сметаат дека за тоа нема потреба и дека нема причини за стравување од манипулации со резултатите од пребарувањето. Извор:МИА

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »