речник контакт

Koлку работниците ги знаат нивните права за штрајк и работни односи

Низ повеќе примери авторите ја даваат сликата како работникот доаѓа до правдата и неговите скриени или прекршени права. Најчесто, во најголем број случаи работниците ги тужат газдите, ги барат своите права, поради парични побарувања.

Петар Печков

Во Велес беа промовирани два труди ,,Работни спорови и ,,Штрајк, издание на Движењето за социјална правда ,,Ленка,,.Низ повеќе примери авторите ја даваат сликата  како работникот доаѓа до правдата и неговите скриени или прекршени права. Најчесто, во најголем број случаи работниците ги тужат газдите, ги барат своите права,  поради парични побарувања.

Во  книгата ,,Работните спорови,,  дадовме триесетина примери на остварување на работничките права, и сите се позитивни, што во праксата е реткост. Ова со цел работниците да знаат дека има надеж, дека не е се изгубено и да ги охрабриме, дека можат да ги тужат своите работодавачи било да се државни, јавни или приватни. Кај нас се случува дека работникот нема  пари да ја  плати тужбата и таа автоматски се отфрла и доаѓаме во една ситуација, кога пристапноста до јавните услуги зависи од имотната состојба на поединецот. Згора на тоа трошоците на судењето можат да бидат и два три пати повисоки од главното побарување, што ги демотивира работниците да тужат. Работниците не знаат дека доколку останат без работа а биле вработени, имаат право на надомест од Агенцијата за вработување, дека испратнината ако си оди од работа не ја два државата туку работодавачот    – изјави Димитар Апасиев автор на книгата ,,Работни спорови,,.

Тој истражувајќи дошол до податок дека првиот судски процес за барање на работничките права се случил во 3 век од н.е. кога римски писар го тужи неговиот работодавач. Работниците не си ги знаат ниту правата што се однесуваат до организирањето на штрајк.

Последните 20 години драстично се намалувани правата на работниците.  Во Македонија законската рамка за остварување на правото на штрајк е толку рестриктивно, што го прави тешко организирањето, кој би бил во согласност со законот.  Практично тоа е невозможно , толку е комплицирано и тешко, и затоа организаторите е многу веројатно дека ќе бидат подложни на санкции. Борба на синдикатот, во рамките на системот и правните норми е бесмислена, може да има успеси но тие се на краток рок - рече Реџеп Исмаил промотор на книгата ,,Штрајк, дело на  проф .д-р  Здравко Савевски. 

Издавањето на  двете книги финансиски е помогнато од германската фондација ,,Роза Луксембург,,.  На промоцијата од ,,Ленка,,  објавија дека Уставниот суд го отфрлил нивното барање, и сега останува единствено само Синдикатот дека  може да организира штрајк, друг не, вклучувајќи ги и незадоволните работници.

Со Законот од 2005-та имало одредба со која да повикаат  на штрајк право имаат синдикатот и  неговите здруженија на пониско ниво. Од ,,Ленка,, побарале од Уставниот суд оваа одредба да се избрише, но со отфрлањето на нивната претставка сметаат дека сега на синдикатот му е оставено  ексклузивното право да организира штрајкови,работниците сами повеќе  не можат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »