речник контакт

MTV Adria сепак не гасне

Водителите на \"Ем-ти-ви Адрија\" не успеале да ја заработат ни првата плата на оваа телевизија, а веќе се \"шушнало\" за нејзино затворање.

Никола Солев

Водителите на \"Ем-ти-ви Адрија\" не успеале да ја заработат ни првата плата на оваа телевизија, а веќе се \"шушнало\" за нејзино затворање. Словенечкиот таблоид \"Директ\" објавил дека американската компанија \"Вијаком\", под чија закрила работат сите канали на \"Ем-ти-ви\", е незадоволна од резултатите на работењето и од малата гледаност на \"Ем-ти-ви Адрија\", па затоа размислува за гаснење на овој канал. Меѓутоа, вработените во \"Ем-ти-ви Адрија\", која почнала да се емитува на 1 септември 2005 година во Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора и во Македонија, ги демантираат овие информации. - \"Ем-ти ви Адрија\" нема да замре зашто не е ниту неликвидна ниту непреспективна. Напротив, \"Ем-ти-ви нетворкс Јуроп\" ја пофали \"Адрија\" за успешната работа во изминатите четири месеци и за најдобар почеток од сите други франшизи на \"Ем-ти-ви\". Сега нашата програма ја следат 1,2 милион домаќинства во регионот, што е согласно со плановите - вели Ирена Нешовиќ, п?ртпарол на \"Ем-ти-ви Адрија\" за Србија. Во љубљанската централа на \"Ем-ти-ви Адрија\" велат дека споменатиот таблоид е најлош пример на \"жолт печат\", кој живее од измислување слични приказни, но дека сепак нема да ги тужат. Извор: [url=www.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2970&stID=71919]http://www.dnevnik.com.mk[/url]

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »