речник контакт

Mozilla го објави Thunderbird 2

Mozilla ја испорача конечната верзија од Thunderbird 2 е-mail клиентот, со која се подобрува начинот на организирање и означување на пораките. Корисниците можат да додаваат свои лабели на пораките, можност која одамна е присутна кај блоговите.

Никола Солев

Mozilla ја испорача конечната верзија од Thunderbird 2 е-mail клиентот, со која се подобрува начинот на организирање и означување на пораките.

Корисниците можат да додаваат свои лабели на пораките, можност која одамна е присутна кај блоговите.

Полето за пребарување ќе почне да прикажува резултати веднаш откако ќе почнете да внесувате карактери, и добиените резултати ќе можете да ги зачувате во одреден фолдер. Клиентот сега автоматски се подесува за познатите веб базирани e-mail клиенти GMail и Apple Inc.\'s .Mac, внесувајќи само корисничко име и лозинка.

Известувањето е исто така подобрено. Новите пораки генерираат известување со предметот и испраќачот на пораката во долниот десен агол од мониторот.

Симни оттука

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »