речник контакт

Mакедонскиот јазик и песна се шират низ Далмација и Хрватска

Mакедонскиот јазик и песна се шират низ Далмација откако на локално сплитско радио започна да се емитува емисија на македонски јазик а во едно основно училиште започна да се учи македонскиот јазик како дополнителен.

Петар Печков

Mакедонскиот јазик и песна се шират низ Далмација откако на локално сплитско радио започна да се емитува емисија на македонски јазик а во едно основно училиште започна да се учи македонскиот јазик како дополнителен. Децата и во слободната сабота стануват рано наутро а некои и со брод од островите доаѓаат на настава, додека пак хрватите желни за македонска музика  со нетпрение ја очекуваат програмата на македонски јазик која се емитува во вторник. Меѓу децата кои посетуваат настава е и деветгодишниот Лео, кој пред неколку години заедно со родителите се доселил во Сплит.

- Бидејќи малку го подзаборавив  мајчиниот јазик, се запишав  во второ одделение да го  надополнам заборавеното, за да можам да разговрам со моите роднини на македонски. Задоволен сум од тоа што го учам, иако ни требат подобри учебници. Убаво е што се дружиме и со мои врсници - вели  Лео Циноти еден од 35-те ученика во оваа паралелка во ОУ „Скалице“ во Сплит. На овие часови освен од Сплит доаѓаат македончиња и од околните места па дури и од островите.   Македонците  од Далмација  но и од Хрватска се презадоволни од интересот што го има за посетување на дополнителната настава кај децата, бидејќи една четвртина од децата кои одат на овие часови се Хрвати.    

- На наше големо изненадување имаме голема бројка на деца кои учат македонски, кои покажуваат  голема желба и љубов за мјчиниот јазик.  Мое длабоко уверување за големиот голем број хрватски деца, чии корени немаат допирни точки со Македонија, кои доаѓаат на дополнтелната настава на македонски јазик е поради трагично починатата поп ѕвезда Тоше Проески. Децата го обожуваат ги знаат сите негови песни, но сакаат изворно да ги научат зборовите и нивното значење. – вели Милена Георгиевска наставничка по македонски во Сплит. Секоја сабота,  изминатите четири месеци, 35 деца учат по пет часови дневно а првите тестови, од досега наученото, се позитивни. Единствено недостигаат учебници, бидејеќи сите деца без оглед на возраста учат од еден унифициран учебник ,,Мојата Македонија,, . Воведувањето на наставата е заслуга на Друштвото на  македонците,,Македонија,, од Сплит кое ја продолжи акцијата на македонските друштва во Загреб, Осијек, Риека, Пула, нивните деца да го учат мајчиниот јазик, преку дополнителни паралелки на македонски јазик, култура, историја , географија, ликовна и музичка култура

- Во основното училиште „Скалице“ во Сплит отворивме дополнителна настава на македонски јазик а на локалното радио „КЛ Еуродом“ воведовме получасовна емисија која е насловена „Македонски минути“. Овие  две содржини се одлично прифатени, посетени и слушани. Тоа не радува, бидејќи нашите деца нема да ги заборават нивните корени -  вели Ангел Митровски претседател на. Заедницата  на Македонците во Хрватска. Тој потсетува дека во Хрватска има најголем број на студенти, од сите катедри во светот, кои посетуваат македонистика, околу 220 во Риека 180 и 40 во Загреб Македонскиот јазик се шири и преку радио брановите во Сплит  каде се вртат македонски хитови, македонска изворна музика, така што убаво звучи кога во Далмација може да се слушнат стари македонски бисери. Песните се барани од месното население и емисијата со задоволство е слушана. Благодарејќи на бројните македонски спонзори кои доделуваат нивни производи, таа ја слушаат и хрватите и тие телефонски се јавуваат во неа. Заедницата на Македонците во Хрватска постои од 1991 со цел да се сочува националниот идентитет, во почетокот организирани како македонски културни друштва. Денес работат шест а првото  „Илинден“ е формирано во Риека па потоа следат  тие во Сплит, Загреб, Осијек, Пула и Задар. 

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »