речник контакт

NOD32 прогласен за најдобар антивирус во 2007

Антивирусниот софтвер NOD32, дело на словачката компанија ESET која е позната по производство на најнапредни софтверски решенија за проактивна заштита на компјутери, се закити со титулата \"Најдобар антивирусен софтвер за 2007\".

lj lkjl

Антивирусниот софтвер NOD32, дело на словачката компанија ESET која е позната по производство на најнапредни софтверски решенија за проактивна заштита на компјутери, се закити со титулата \"Најдобар антивирусен софтвер за 2007\".

Во текот на минатата година тестирани се 17 производи, а победниците мораа да покажат екстра перформанси, односно да откриваат полиморфни вируси (кои тешко се пронаоѓаат), да дадат високи резултати при проактивна детекција, да генерираат што е можно помал број на лажни предупредувања, да се брзи, да не сметаат на работата на компјутерот, да не го руши системот и да немаат багови.

Анти-вирусното решение NOD32 е прогласено за најдобро затоа што ја користи ThreatSense технологијата, која проактивно ги штити корисниците од штетните кодови, кои не се откриваат и при често надградување на анти-вирусните производи чии заштита се темелат на потписите на вирусите.

„Во изминатите четири години, колку што ги вршиме тестирањата на анти-вирусните производи не пронајдовме ниту еден кој може да се спореди со начинот на работа на ESET-овиот производ“, вели Андреас Клементи, основач и главен истражувач на AV-Comparativesa.

Како резултат на тоа, ESET секогаш има најдобри резултати во споредба со конкурентските производи, оценува Клементи.


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »