речник контакт

Oбележан Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

ВО ОУ Васил Главинов лифт и тоалети за децата со посебни потреби

Петар Печков

3-ти декември, Светскиот ден на лицата со  посебни потреби, беше одбележан и во Велс. Во ОУ Васил Главинов, најголемо во општината со 1,9 илјади ученици беше предаден за користење лифт за учениците со посебни потреби како и санитарен јазол наменето а овие деца. Во училиштето учат 29 деца од прво  до 9-то  одделение, кои се со посебни потреби.  

Лифтот е прв во градот, регионот и пошироко наменет за лица со посебни потреби  кои посетуваат  образовни институции. Во ова училиште се приспособија и два тоалета на приземјето и првиот кат, наменети за ученици со посебни образовни потреби, кои што посетуваат настава во училиштето.

 Инвестицијата е вредна околу 30  илјади евра, поголем дел се преку програмата на УНДП а остатокот е од општинскиот буџет.

Ние од Обединетите нации,  длабоко сме убедени дека не треба луѓето со попреченост да останат надвор од општеството. напротив тие треба да бидат дел од општеството да се прифатат и да се вклучат - изјави Луиса Витон претставник на УНДП   во Македонија.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »