речник контакт

Oтворен детски забавен парк за деца со ограничена мобилност

Денес 3-ти декември е Меѓународен ден на лицата со попреченост

Петар Печков

Отворен е детски забавен парк за деца со ограничена мобилност  во населбата  „Тунел“. Тој е изграден заеднички  од Здружението за лица со телесен инвалидитет ,,Мобилност,, од Велес, Министерството за труд и социјала и Општина Велес.  Досега се изградени 12 детски игралишта, ова во Велес е 13-то а до крајот на годината ќе се изградело уше едно. 

Со ова се остварува нашата заложба за пристапна околина, важен предуслов  за интеграција на лицата со телесен инвалидитет во секојдневниот живот.  Овде децата со попреченост ќе играат заедно о останатите деца и така се рушат бариерите во животот и ќе се дружат и забавуваат заедно. Сите деца се сити со исти желби за  игра, забава - кажа Софка  Прчева генерален секретар на националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет.       

Денес 3-ти декември е Меѓународен ден на лицата со попреченост.  Годинава Обединетите нации го одбележуваат под мотото ,, Зајакнување на капацитетите на лицата со попреченост, преку отстранување на непристапноста и архитектонските бариери,,.  

Реквизитите во вредност од 670.000 денари ги обезбеди Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ –Велес преку  Министерството за труд и социјална политика а Општина Велес обезбеди 200.000 денари за градежните работи. Во ОУ ,,Васил Главинов,,  во Велес учат  15 ученици деца со попреченост. 

АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »