речник контакт

Outdoor фестивал Даутица годинава по втор пат (фото)

Некои трчаа дури 36 км и освоија два врва Даутица 2.173 м. и Солунска глава 2.540 м. н.в.

Петар Печков

Изминатиот викенд 150 вљубеници во планината беа учесници на Вториот  Outdoor фестивал Даутица 2017. Фестивалот опфати планинарење и планинарско трчање и заедничка забава под ведро небо. 

Планинарењето беше од домот во село Папрадиште до врвот Даутица на 2.178 м. надморска височина.  На него учестуваа околу 130 планинари од повеќе градови од Македонија. 

Планинското трчање, кое беше рекреативно, започна од Папрадиште преку Даутица до Солунска Глава и назад Папрадиште. Така  десетината тркачи -учесници освоија два врва Даутица и Солунска глава (2.540 м. н.в.) истрчаа 36 км. на делови и по тешки временски услови.

Меѓу нив беше и Зоран Димов -поштарот, кој по тешката повреда на ногата во сообраќајка, се враќа на спортот и  ја изоде оваа патека.   

Во ноќта помеѓу саботата и неделата ДЈ Коста од Метрополис радио имал свој настап, на задоволство на гостите. 

Организаторот ЕГ Грин пауер среќни  што сите гости задоволни се вратиле дома и се минало успешно со бројни учесници и ги исполниле нивните очекувања.

Со помош од спонзорите ,,Жито,,  и ,,Агриа,,.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »