речник контакт

Oбележана е 109 годишнината од Солунските атентати

Цвеќе пред споменикот на Гемиџиите

Петар Печков

Велес им оддаде почит на Солунските атентатори, во јавноста познати како Гемиџии. Пред нивниот споменик кој е безимен поради украдените букви , на десетмината храбри млади студенти, кои загинаа под мотото ,,Се арчиме за Македонија,, се положи цвеќе од локалните власти, од армијата, политичките партии но и од роднините на семејствата.

Не само еднаш  во годината Велес се сеќава на своите Гемиџии. На повеќе начини и денови им оддаваме почит на големото дело, на саможртвата на младите велешки студенти. Тука сме да се да кажеме дека не ги забораваме, туку напротив се гордееме со нив – изјави Горан петров, градоначалникот на Велес. Солунските атентати биле серија бомбашки напади во Солун  извршени од 28 април до 1 мај 1903 година, од страна на Гемиџиите, револуционерна група, најмногу млади велешани. Целта на овие напади е да се нападне европскиот капитал во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на големите сили врз македонското прашање.

Овој настан од пролетта 1903-тата ја потресе Европа. Тоа беше начин таа да се потсети дека постои Македонски народ на Балканот, кој страда и се бори за својата слобода и своја држава. Овие млади анархисти ги дадоа своите држави, без за тоа да настрада друго лице во бројните атентати. Ако за Европа тоа се првите терористи, за нас се борци за слобода – изјави историчарот Слободан Ников, раководител на ПЕ на историскиот Архив во Велес.

При овие напади дигнат во воздух е брод, железничката пруга Солун – Истанбул, Отоманската Банка, во театар, уништени се гасоводниот систем и водоводната мрежа.Во немирите кои избувнале на 30 април како реакција на атентатите на Гемиџиите, фанатизирани муслимани оделе во толпи низ градот и убивале недолжно христијанско население. Проценките за бројот на загинати варираат од 35 лица, според османлиските власти, до 200-300 според ТМРО.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »