речник контакт

Oживувањето на Илинден станува повик за мирен соживот

Човек на коњ го симболизира единството и пријателството.Сафет Авмедовски, од селото Подгорци во близина на Струга, е првиот етнички Македонец кој е исто така и Муслиман, што учествувал на коњаничкиот марш со кој се прославува македонскиот национален празник Илинден на 2-ри август.

Петар Печков

Сафет Авмедовски, од селото Подгорци во близина на Струга, е првиот етнички Македонец кој е исто така и Муслиман, што учествувал на коњаничкиот марш со кој се прославува македонскиот национален празник Илинден на 2-ри август.

Жителите велат дека учеството на Авмедовски беше симболичен чекор напред кон унапредување на меѓуетничките и меѓурелигиските односи во Македонија.

„Се надевам дека и други граѓани од муслиманска вероисповед ќе го следат примерот на Сафет“, рече за SETimes Соња Столеска, жителка на Струга, која е Македонка и Православна Христијанка.

Во 1903 година Македонците го кренаа Илинденското востание против Отоманската империја и ја формираа првата република на Балканот, со седиште во планинскиот град Крушево.

Македонската република набргу била срушена, но револуционерите создале демократска форма на влада и издале манифест -- напишан на македонски јазик, но преведен и на турски јазик -- во кој се вели дека востанието не е кренато против ниедна националност, туку против феудалната тиранија и за независност.

Во истиот се повикуваат Турците и другите муслимански „браќа земјаци“, се ветува дека ќе се штити нивната безбедност, слобода на вероисповед и имот, и се повикуваат да се приклучат на востанието. Некои и го направиле тоа.

„Ова беше моја животна желба и неколку години се подготвував да заминам за Крушево и да го посетам Мечкин Камен каде што се случила историската битка, но и да им се поклонам на паднатите борци. Упатувам апел до сите Македонци Муслимани, Турци, Албанци, Роми и сите други, без разлика на тоа на која верска, етничка и национална припадност припаѓаат да го продолжиме овој пат, сите заедно и сложно“, рече Авмедовски за SETimes.

Неколку стотини коњаници од сите делови на Македонија учествуваат секоја година на традиционалниот Илинденски марш, јавајќи до Крушево облечени во традиционална комитска носија.

Авмедовски јаваше на неговиот коњ 120 километри и стигна во Крушево за два дена. „Би сакaл и други граѓани Муслимани -- Турци, Aлбанци -- сите заедно да се вклучиме во прославата на овој голем ден. Но, ги повикувам сите да се приклучат и да одиме во Крушево кое е многу значајно место за сите нас, за целиот народ кој живее во Македонија и за нашата заедничка историја“, рече тој.

Некои набљудувачи велат дека биле пријатно изненадени од одлуката на Авмедовски да учествува на маршот и рекоа дека тоа е голем гест.



„Само преку вакви примери можеме да го градиме соживотот кој ѝ е потребен на Македонија“, рече за SETimes Беким Османоски од Струга.

Официјалните претставници велат дека јавањето го претставува духот на Илинден.

„[На крајот на краиштата] во самиот Манифест кој бил донесен за време на прогласувањето на републиката стои дека ,без разлика на вера и нација' сите се заслужни за оваа слобода“, рече за SETimes Перо Петкоски, претседател на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во Струга.

 текстот е преземен од  SETimes.com.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »