речник контакт

Oздравени нема, двајца нови позитивни случаи и еден починат

Bо велешко активни се 335 случаи на лица позитивни на ковид-19, во Болница хоспитализирани се 38 пациенти

Петар Печков

Денес, понеделник, Министерството за здравство објави дека во велешко нема оздравени, има два нови случаи на позитивни со ковид-19.  регистрирани се 25 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 13. Или во велешко активни се 335  случаи а досега  од корона вирусот  се заразиле 2.956 лица. 

Починат е еден пациент на 79 годишна возраст, од Велес, лекуван на Инфективно одделение  два дена. Тој е 99-ти пациент од велешко, кој почина од последиците на корона вирусот.  

Во велешка Болница  хоспитализирани се 38, од кои 29 се потврдени позитивни, два сомнителни и седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. Инфективно  одделение лежат 31 пациент а на Интерно седум  На кислородна поддршка се 14 пациенти. Испишани се тројца  пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »