речник контакт

Oтворен е Регионален центар за помош на микро претпријатија од Вардарски регион

На стотина претпријатија ќе им дава секојдневна помош, асистенции, консултации, обуки, околу пополнување на тендерските документации, учество во постапките на јавни набавки

Петар Печков

Во Велес е отворен Регионален центар за помош на  мали и микро претпријатија од Вардарски регион, кој ќе дава помош за стотина претпријатија кои вработуваат до десет лица.   Оваа канцеларија ќе работи во рамките на Фондацијата Фокус а целта е  да им се олесни пристапот до јавните набавки на овие стопански субјекти, оти истражувањата покажале дека тие  се недоволно информирани, им недостига обука и помош, за да можат да бидат   дел од процесот на јавни набавки.

Преку овој Центар  тие треба  што полесно да пристапат до пазарот на јавни набавки,  каде ќе  можат да ги понудат своите услуги или производи. Преполната сала на промоцијата на Центарот, зборуваше за тоа колкав интерес владее меѓу малите стопански субјекти  од Поваардарието, за учество во јавните набавки.

Во Македонија најголем процент на  економијата ја сочинуваат мали и микро претпријатија. Затоа сме тука да им помогнеме на овие фирми, со услуги за информирање, пристап до јавни набавки и тие да земат поголемо учество, пропорционално со нивното учество на пазарот во Македонија. Малите претпријатија се малку застапени во  јавните набавки. Ги охрабруваме да учествуваат во проектот, затоа што тие ќе имаат поголем корист   –рече рече Џозеф Лесард, директор на канцеларијата за економски развој при УСАИД Македонија, која финансиски го подржува проектот, кој ќе трае три години. 

Во канцеларијата  ќе се врши подготовка за техничка документација за аплицирање на огласите за јавни набавки,  таму ќе добиваат секојдневни информации  за објавените тендери од страна на државните институции, ќе им се асистира при подготовките на документацијата и пишување на понудите, во учество при електронски аукции и ќе се организираат  обуки за  и околу јавните набавки. Има уште еден ваков центар, тој е во Штип,и се однесува за Источниот регион.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »