речник контакт

Paul Oakenfold во Скопје!!!

Oaky во Скопје? Ех, овие од Авалон ептен на голем залет се, па коваат додека е жешко железово...

Зоран Николов

Еден од (за мене) најдобрите DJ-и, Paul Oakenfold иде на балканска турнеја догодина, и тоа на 12-ти во Софија, 13-ти во Скопје, 14-ти во Белград и 15-ти во Загреб. Ова е нешто за што можев пред две-три години да сонувам, денес се штипкам и се прашувам дали е сон или јаве! Абе видоа сите дека сме зрели за светски реномирани изведувачи и дека со еуфоричнава публика што цело време се жали оти нема пари, вака така се направија најдобрите журки што може да се замислат! За кратко време ни поминаа еден куп ѕвезди од светската електронска сцена, па драги мои, дајте се во работа да се извадат повеќе пари за да си поминеме супер! Секако дека не е се така подмачкано, оти ми текна кој организира... Овие Авалонците нека не се занесуваат многу со цените, или ако веќе се занесуваат, барем нека организираат како што треба и не дај боже да се случи цркнување на опремата како на Тиесто, мадафаказ мислете му ја! Еве проверете самите на страната на [url=avalon.com.mk/]Aвалон[/url].

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »