речник контакт

Rotaract Club

Информации за последната акција на Rotaract клубот Велес

Зоран Николов

Rotaract клубот Велес повеќе од 3 години успешно функционира во нашиот град и зад себе има организирано повеќе вредни хуманитарни акции. Со парите собрани од последната хуманирана караоке забава, заедно со добиените спонзорства од некои фирми, беа купени и донирани хигиенски пакети на учениците од Основното посебно училиште Маца Овцарова.

Во консултацијасо директорката на ова училиште, беше одлучено да се купат пакети со најразлични хигиенски продукти за секое од 90-те деца во Маца Овчарова, бидејќи најголем дел од учениците во ова училиште се од семејства кои имаат финансиски проблеми и секоја помош им е добредојдена. Се потрудивме барем за одреден период да им помогнеме да ги задоволат основните потреби. Свесни сме дека тоа нема драстично да ја промени тешката состојба во која се наоѓаат овие деца, заедно со нивните родители, но со нашиот пример сакаме да придонесеме да го актуализираме нивниот проблем и да ги поттикнеме и другите здруженија, организации, фирми и поединци да во рамките на сопствените можности, им помогнат на овие деца од Посебното основно училиште Маца Овчарова.

Пакетите на ученицитеим беа донирани лично од страна на дел од членовите на Rotaract клубот Велес. При тоа, членовите на Rotaract клубот Велес имаа можност од прва рака да се запознаат со дел од проблемите на овие деца, а и да ја почувствуваат искрената благодарност за донацијата од учениците, директорката на училиштето и од целиот колектив.

Rotaract клубот Велес и во иднина ќе продолжи да организира слични хуманитарни акции и да ги негува основите на ротаријанското движење. А тоа е во рамките на своите можности, преку најразлични акции и содржини, да ги спознае потребите на општествената заедница и да придонесе на нашиот град да биде едно подобро место за живеење.













АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »