речник контакт

Two MACEDONIANS со нова песна

Носталгична љубов е вториот видео спот на велешкото музичко дуо. Порака од Петар и Благој- Драги пријатели ова е од срце само за вас! Ве сакаме! ♥

Петар Печков

Петар Маруш и Благој Ламјата денес, сабота на пладне го пуштија во етер новиот нивен спот, новата песна  ,, Nostalgic Love,,.

И оваа како и првата  ,,Flamenco de Macedonia,, се снимени во живо, од прва. Спотот е продукција на Тулип про, снимен на сцената на велешки театар.  

Оваа инструментална нумера изведена  од Благој на  кларинет и Петар на  гитар,  внесува нова енергија во македонскиот музички простор.

Двајцата велешани под нумерата напишале: Драги пријатели ова е од срце само за вас! Ве сакаме! 

ТрМр им посакува успех и со оваа нумера, како што беше случај и со првата песна.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »