речник контакт

Yahoo нуди ефтини телефонски разговори

Yahoo воведе услуга за повици преку интернет со користење на нивниот софтвер за инстант пораки. Интернет компанијата објави дека услугата се тестира на меѓународните пазари од Вторник и ќе почне да се нуди во САД следната година.

Никола Солев

Yahoo воведе услуга за повици преку интернет со користење на нивниот софтвер за инстант пораки. Интернет компанијата објави дека услугата се тестира на меѓународните пазари од Вторник и ќе почне да се нуди во САД следната година. Компанијата е последна во соопштувањето на интернет услуга од овој тип бидејќи повеќе фирми веќе воведоа нови можности во нивните софтвери за интернет повици. Microsoft објави пробна верзија на интернет повици преку нивниот нов софтвер Windows Live Messenger. Yahoo објави дека нивната услуга е заснована на VoIP (Voice over IP) и им овозможува на компјутерските корисници да остваруваат повици кон фиксната и мобилната телефонија. Досега, корисниците на Yahoo Messenger можеа да повикуваат друг компјутер и затоа повиците беа бесплатни бидејќи не ја користеа телефонската мрежа. Со новата услуга, меѓународните повици кон САД ќе чинат околу 1c за минута и кон 30 други држави околу 2c за минута.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »