речник контакт

Ѓорги Трендафилов исчезна!

Исчезнат е Ѓорѓи Трендафилов, претседател на ВМРО-НП

lj lkjl

Исчезнат е Ѓорѓи Трендафилов, претседател на ВМРО-НП, од 28 декември минатата година. Ако го забележите јавете се на 3223 555. Ова е текстот од плакатите со слика од Трендафилов, кои вчера беа закачени низ Скопје. Еден од плакатите беше ставен на влезната врата од зградата до плоштадот Македонија во која е сместена ВМРО-Народна партија. Ден претходно пак плакати со името и ликот на претседателот на ВМРО-НП имаше закачено и во лифтот од зградата. Но, пред два дена Ѓорги Трендафилов не беше исчезнат. Тогаш беше распишана потерница по него - се бараше поради уништување на партијата. Веќе почнаа да кружат гласини за имињата на оние кои му ја зготвија невкусната шега на Трендафилов. Се споменува името на поранешната лидерка на ВМРО-НП, која му беше противкандидат на Трендафилов на последните избори за лидер на партијата, Весна Јаневска. Но таа вчера ги демантираше ваквите гласини. Вели, ниту таа ниту нејзините луѓе кои не се дел од партијата немаат интерес да се шегуваат со Трендафилов. \\\"По гласањето за интерпелација на Влада јас и мојата колешка Валентина Божиновска бевме исклучени од партијата. Оттогаш немам никакви контакти со таа партија. Ниту мислам ниту размислувам за ВМРО-Народна партија или Ѓорги Трендафилов. Искрено не сум ги видела плакатите воопшто и немам никаков удел во тоа\\\" - ни изјави вчера Јаневска. Но не е исклучено ниту дека сето ова што се случува е последица на внатрепартиските несогласувања. Неофицијално, пред Нова година било побарано од Трендафилов да си даде оставка од функцијата претседател на партијата. Повеќето не биле задоволни од неговата лидерска улога. Особено биле револтирани што откако тој дојде на чело, партијата повеќе ја нема ниту на листите за рејтинзи на партии. \\\"Порано партијата се наоѓаше на тие листи. Некогаш котираше многу ниско, некогаш имаше и солиден процент. Но откако Трендафилов ја презеде диригентската палка партијата повеќе ја нема во ниту една анкета\\\" - коментираат од ВМРО-НП. Трендафилов вчера не беше достапен за коментар. Не работат ниту телефоните во партијата. Телефонскиот број на партијата, кој всушност на плакатите беше наведен како број на кој граѓаните можат да се обратат доколку го забележат некаде Трендафилов е исклучен. Не одговараа ниту пратениците од оваа партија. Некогашната десна рака на Трендафилов, Вера Андрејчин која работеше активно на неговата кампања за лидер на партијата не е во земјава. [url=www.vecer.com.mk]Извор: Вечер[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »