речник контакт

Ѓоре Петровски испорачан од САД

Тој е обвинет дека е нарачател на убиството во декември 2005-тата во селото Ореше

Петар Печков

Ѓоре Петровски, осомничен дека во 2005 година за 20.000 долари од САД го нарачал убиството на Лазо Милошески во селото Ореше, денеска беше испорачан во државава.

Испорачувањето е извршено по барање на нашето Министерство за правда поднесено на 3 февруари 2009 година. Обвинетиот Петровски од денеска се наоѓа во притвор во затворот „Скопје“.

Случајот на Ѓоре Петровски е познат како нарачано убиство на сега покојниот Лазо Милошески  ( 71 год)од село Ореше, Велешко, за кое се обвинети браќата Љупчо и Ордан Георгиевски. Тие во два наврати добија по 12 години затвор, но и во двата наврати пресудта им беше укината.

 

ТРМР претходно пишуваше дека барањето за екстрадиција на Ѓоре Петровски  е отфрлено, но тој и натаму се наоѓаше во притвор 30 месеци, но  имиграционен, откако американските власти при неговото апсење констатирале дека тој е во САД без регулиран престој.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »