речник контакт

Ѕид ми ѕидале девет мајстори па соѕидаа четири дуќани

Настанот е внатре во затворениот Пазар од Нова населба, каде се соѕидани влезовите и излозите во четирите дуќани кои имаат тапија за сопственост

Петар Печков

Соѕидани се четири дуќани во затворениот пазар во Нова населба. Тие се приватна сопственост на четворица различни  иматели, кои биле шокирани кога од средата констатирале дека се гради ѕид пред нивните врати и излози.

Ова се случува во затворениот пазар во Нова населба, кој неодамна ЈКП Дервен го изнајми на 30 години за маркет. Сопствениците низ солзи прашуваат како ќе работат сега кога немаат влез. Целиот живот тие го вложиле во тој простор за да работат   и имаат за живот. Повеќе од 20 години работеле тука, за сега да им биде соѕидана судбината.

Ова е изнендувачка ситуација и за нас. Со преземените градежни дејствија се оневозможува влез во деловниот простор и сопствениците  трпат штета.  Сосема случајно пред некој ден констатиравме дека се соѕидуваат излозите и предната страна од продавниците кои се внатре во Пазарот во Нова населба. Тоа е од за нас од непознат изведувач а се соѕидуваат деловните објекти чии сопственици имаат уреден имотен лист за сопственост.  Се обидовме да стапиме во контакт со изведувачот, со изнајмувачот но нашите обиди  останаа без повратен одговор. Останува сега да ги користиме законските можности, да поведеме судска постапка пред надлежниот суд. За почеток побаравме да се издаде времена мерка додека ен се констатира дали   имаат право или не за преземените градежни дејствија – изјави Петар Георгиевски правен застапник на четворицата сопственици на дуќаните.

Тие  се обратиле и до ЈКП Де5рвен бидејќи просторот кој е изнајмен е нивна сопственост, но од таму  се изземаат од било каква одговорност оти просторот веќе го изнајмиле  Иако имале неколку дена за реакција, дури денес се решиле да бараат преку  претставка и заштита од градежниот инспектор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »