речник контакт

ЈКП Девен го чисти Потокот, граѓаните го затрупуваат

Уште еднаш потврдена ниската свест на одделни сограѓани, кој сметот наместо во контејнери го фрлаат во Потокот. До кога?

Петар Печков

Три дена ЈКП Дервен го чистеше отворениот канал наречен Потокот, кај Градскиот пазар, за граѓаните подоцна повторно во него  да фрлаат смет. Р.Е. Комунална хигиена при чистењето на стотината метри простор,  собрала шест трактори со смет а за негово перење биле потрошени пет цистерни со вода. При оваа акција, комуналците пронашле детски играчки, стари обувки и облека, пластични шишиња, отпад од домаќинство, распадната храна а од него се ширела реа и непријатна миризба.  

И годинава  проблем претставува што несовесни граѓани го исфрлаат сметот од домаќинствата во каналот и за кратко време по чистењето тој се претвора во дива депонија, која претставува опасност за здравјето на луѓето - велат од ЈКП Дервен. 

По завршувањето на акцијата, веќе следниот ден во каналот на улица Јане Сандански,  бил пронајден повторно смет. Затоа велешките комуналци апелираат до граѓаните од близината на Потокот, во нивен и во интерес на пошироката заедница е да го оставаат сметот од домаќинствата на одредените места од каде редовно се  собира комуналниот смет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »