речник контакт

ЈКП Дервен започна со собирање на електронски отпад

Услугата е бесплатна

Петар Печков

Од почетокот на минатиот месец ЈКП Дервен преку РЕ Комунална хигиена  нуди нова услуга на велешани. Тоа е собирање на електронски отпад, телевизори, компјутери, монитори, мобилни телефони.  Ова е  законска обврска на локална власт која тие ја регулираат заедно со велешките комуналци.  

ЈКП Дервен, во договор со Општина Велес врши собирање на електронски отпад по барање на физички и правни лица, и истиот го складира на одредена локација на градската депонија. Кога ќе се собере доволна количина на овој отпад, се повикува овластен собирач на електронски отпад , кој има веќе склучено договор со Општина Велес, за да го подигне отпадот - велат од ЈКП Дервен.

Оваа услуга е бесплатна а започна да функционира од први март.  Заинтересираните можат нивниот електронски отпад да го пријават на тел: (043)233-768 во РЕ Комунална хигиена, секој работен ден од понеделник до петок од 07.до 14 часот, и во сабота од 7 до 12. часот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »