речник контакт

ЈКП Дервен го чисти Велес од саботното невреме

Велес се опоравува по саботното невреме. Екипите на ЈКП Дервен три дена ги чистеа наносите од земја, шут и камења кои получасовнито пороен дожд и атмосферска вода ги донесе по улиците во градот. При ова од улиците се изнесени 50 трактори со земја а 35 цистерни со вода се употребени за да се исперат главните градски сообраќајници.

Петар Печков

По силното невреме што во саботата на 19.06.2010 проследено со силен пороен дожд го зафати градот и нанесе големи штети на подземната водоводна и канализациона инфраструктура, работни тимови на ЈКП Дервен непрекинато работат на отстранување на дефектите и расчистување на градските улици.

Во текот на вчерашниот ден, 21.06.2010, до 12 часот, 36 работници од РЕ Комунална хигиена, 13 работници од РЕ Паркови и зеленило и работници од РЕ Канализација изнесоа 49 трактори земја, камења и шут од градските улици. Беше ангажиран и ровокопач во текот на целиот ден. Во текот на ноќните часови на 20.06.2010, 34 цистерни вода беа употребени за перење на главните сообраќајници во градот.
Работните активности продолжуваат понатаму се додека улиците не се вратат во првобитна состојба.

Поплавите од невремето нанесоа големи оштетувања и на канализациони линии на повеќе места во градот.
На ул. Мирче Ацев поради надојдените атмосферски води дојде до откривање на капаците на шахтите, по што надојдената вода доведе до затнување на канализационата линија со земја и камења.
 
На ул. Киро Ќучук, атмосферските води ги однеле капаците од шахтите на ул. Благој Ѓорев по што шахтите биле наполнети со цврсти наноси од земја и камења.
 
На ул. Лазо Трпков, атмосферските води ја раскопале улицата под која има фекална канализација и истата ја оштетиле, односно цевките се оштетени и фекални води течат преку Костурска до Лазо Осмаков. Истото оштетување на канализациона линија настана и на ул. Ганчо Хаџи Панзов.
 
Работни тимови на ЈКП Дервен веднаш излегоа на лице место и извршија поправка на оштетувањата на канализациони линии на ул. Лазо Трпков и ул. Киро Ќучук. Работните активности поради обемноста ќе продолжат и во текот на наредните неколку дена, при што ќе се изврши поправка на канализациона линија на ул. Ганчо Хаџи Панзов и ул. Мирче Ацев.

Има и неколку други помали дефекти настанати поради поплавите од невремето, но тие не се најприоритетни во моментов, и штом ќе завршат работните активности на горенаведените линии, работните тимови ќе продолжат со отстранување на дефектите и на овие места.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »