речник контакт

ЈКП Дервен засадува, граѓаните крадат

Дел од дветниот насад , штотуку засаден на јавните површини завршува во дворовите на велешани

Петар Печков

И покрај напорите на РЕ Паркови и зеленило да го разубави градот преку повеќенеделната акција за обновување на цветните жардињери на повеќе локации во градот која е во тек, за жал, несовесни граѓани ги крадат свежо засадените цвеќиња.

 

Ова е редовна појава со која ЈКП Дервен се соочува со години наназад. Веќе станува редовна пракса новонасадените дрвца и цвеќе да се крадат од зелените и цветните површини во градот и истите да завршуваат во приватни дворови.

Доколку нашите сограѓани сакаат да живеат во убаво уреден град мора да покажат поголемо внимание кон зеленилото и да го чуваат наместо да го уништуваат- велат од ЈКП Дервен.

 

Поради редовните кражби на цвеќе, РЕ Паркови и зеленило секоја сезона садат садници по два до три пати што за теренците значи неколкукратно повторување на активностите а на претпријатието и локалната самоуправа им нанесува  финансиски загуби.

 

Апелираме до граѓаните во иднина да покажат повеќе свест и грижа за зеленилото со што ќе допринесат градот во кој сите живееме да биде поубав и поцветен, порачуваат од ЈКП Дервен

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »