речник контакт

ЈКП Дервен исплива од загубите

Во првото тромесечие од годинава ЈКП Дервен оствари добивка од 3,5 милиони денари и ја поправи финансиската состојба на претпријатието, кое лани се гушеше во долгови.

Петар Печков

Целата ланска година, за прв пат од неговото постоење,  се бележеше негатива во работењето кое достигна  до 7,1 милион по првите шест месеци, додека на крајот од годината изнесуваше 4,1 милион денари.  Тоа значи за само три месеци ЈКП Дервен успеало да ја поправи финансиската кондиција за цели 7,6 милиони денари. Ова кај јавноста во градот беше пречекано со олеснување, бидејќи претпријатието и градот се гарант за земениот креди кај ЕБОР Банката, со кој се обновуваше водоводната и канализациона мрежа во Велес.

Првите три месеци имаме позитивно работење, успешност, кое значи излегување од кризата. Имаме помали трошоци секаде каде се може, ги намалувавме и покрај зголемениот обем на работа и повисоките цени на горивата. Со домаќинско работење успеавме да ја консолидираме состојбата и очекувам дека во наредниот период, како и сите претходни, освен ланската, Дервен ќе биде претпријатие за пример а граѓаните ќе бидат задоволни од нашите услуги. Со сопствени средства ја плативме и 13-тата рата од кредитот  во висина од десет милиони денари. Не треба да се заборави дека лани, имавме новина во работата, со плаќање  на десетина милиони денари годишно за испорачана вода од ЈП Лисиче  – вели Драган Дамјановски финансов директор на ЈКП Дервен. 

Тие годинава потпишале анекс договор со ЈП ,,Лисиче,, за купопродажба на вода за првите шест месеци  од 2011 со постојната цена од  2,39 метар кубен вода.  Дали вработените ќе добијат К-15, кој минатата година поради загубата и стегањето на каишот не беше исплатен , а платите ќе се вратат   за 10 отсто колку што лани  беа намалени,  ќе се знае по полугодишната сметка и постигнатите резултати.

Опозицијата во локалниот Совет  смета дека оваа добивка е резултат на неколку кратно зголемените цени на  погребалните услугите на ЈКП Дервен, па така е покриена загубата. Таа  реагираше и на зголемувањето на бројот на вработени, за триесетина лица,  од 240  и 52 ангажирани на дело на крајот од годината,  на 264 вработени годинава  плус 65  на дело годинава. 

Тие прашаа зошто  уште  не биле вратени  парите собрани од продавачите на паркинзите околу  Градскиот пазар, а која давачка  без согласност на Советот  два месеци предвреме била покачена од 850 на 2000 денари. Советниците на општина Велес побараа да се намали  процентот на загуба на водата, бидејќи за тие количества  кои се губат низ градската мрежа,  се плаќа на ЈП Лисиче за испорачана вода.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »