речник контакт

ЈКП Дервен набави два нови трактори со приколки

Инвестиција од сопствени средства, во висина од 1,47 милиони денари

Петар Печков

Започна обновувањето на застарениот возен парк на ЈКП Дервен. Во магацинот на ЈКП Дервен пристигнаа два нови трактори -модел INDIA-TAFE 42 DI, со две приколки -модел FERMAK 4t.

Тракторите се набавени со сопствени средства на претпријатието, во висина од 1,47 милиони денари. Наменети за собирање на смет од тесните градски улици каде не може да се пристапи со поголемо возило.

До крајот на овој  месец март, од велешкото комунално претпријатие најавуваат дека  ќе набават  ново возило – камион за собирање на смет - модел IVECO, со запремнина од 22м3. 

Целта на набавките е да се зголеми ефективноста и ефикасноста на претпријатието во обавувањето на својата дејност, што ќе резултира во подобра услуга спрема граѓаните - велат од ЈКП Дервен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »