речник контакт

ЈКП Дервен набави две нови возила за комунален смет

Набавката е во вкупна вредност од 7.552.000 денари,со вклучен ДДВ

Петар Печков

ЈКП Дервен набави две нови возила, кои се наменети за собирање на комуналниот смет. Возилата се купени од средства на комуналното претпријатие.

„Со цел да се олесни собирањето на комуналниот смет од потесните градски улици, и потребата да се подобри капацитетот на возниот парк на Секторот Комунална хигиена, ЈКП Дервен набави две помали возила за собирање на смет од марката ИВЕКО Дејли“ - соопштија од ЈКП Дервен.  

Возилата се произведени во 2021 година, со капацитет од 5м3 непресуван отпад. Набавката е во вкупна вредност од 7.552.000 денари,со вклучен ДДВ.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »