речник контакт

ЈП Парк Спорт чека Советот да го прифати планот за работа со електричните велосипеди, кои стојат неискористени скоро две години

Набавени се со пари грант од ЕУ

Петар Печков

ЈП Парк Спорт и Паркинзи (ЈППСП), до Советот на Општина Велес  поднело план за работа на електричните велосипеди и чека точката да биде ставена на дневен ред и усвоена. Така побезмалку  две години откако беа набавени во рамките на проектот „Паметно езеро Младост“ вреден еден милион евра грант, тие би требало да бидат ставени во функција, па  корисниците  ќе може да ги изнајмуваат. При тоа  од ЈП ПCП нагласуваат дека ќе се користата „во употреба, во состојба такви какви што се“.

„Предавањето на електричните велосипеди е извршено во април 2021 година, без претходно да се провери и испита капацитетот на ЈП за нивно управување. Во овој момент електричните велосипеди веќе ја имаат изгубено од својата употребна вредност и како такви нивното одржување е се потешко и понеисплатливо, за што повторно се појавува прашањето кој тоа дозволил, ги купил за огромни средства и ги оставил на милост и немилост??“ - вели в.д. директорот на ЈП Зоран Јаневски.

Потенцира дека со нивни сопствени човечки и финансиски сили ќе се обидат да ги стават електричните велосипеди на располагање на корисниците и посетителите  на езерото Младост. Инвестицијата, набавка на 20 електрични велосипеди  беше  во вредност од 2.7 милиони денари и вклучува смарт брави за заклучување, софтверско решение и апликација за корисниците.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »