речник контакт

Ја силувал старицата која го породила пред 20 години

Потресна беше приказната на старицата Г.М. ( 75 год) од населбата Градско по сведочењето против Емран Асановски кој ја силувал и се обидел да ја ограби жената која пред дваесет години помагала при неговото раѓање.Тој е обвиент за убиство, две силувања на две старици, две разбојништва и две тешки кражби.

Петар Печков

 Ова се случуваше вчера во Основниот суд во Велес. Обвинетиот претходно ги призна делата, со образложение дека ги сторил поради пари, кои му требале за живот и излегување во кафеани.

Јас него живот му дадов, тој се обиде мене да ми го земе. Срам да му е што направи, цел живот  на душа ќе не носи и мене и Стефка, која ја задави. Јас бев бабицата која го породи и помогна тој да дојде на свет а сега мајка му се срами од него и од сите нас – изјави Г.М. по сведочењето  во Основниот суд во Велес.

Асановски сведочеше дека  на 6-ти декември лани, влегол кај старицата М.Г. и почнал да и бара пари, велејќи,, денес доби пензија, каде се парите,,. Откако ја силувал и ставил перница врз главата на беспомошната  старица,и ги врзал рацете и устата со селотејп, но тогаш почнало нешто да му шушка,и откако ја отворил нашол 14 илјади денари ги земал и избегал а М.Г. преживеала.

Таа работела како единствена  бабица во населбата Градско за нејзиниот 35 годишен стаж и го породила  и обвинетиот Емран Асановски.  Тој со украдените пари купил мобилен телефон од 10 илјади денари и остатокот го потрошил во кафеани.

Првото  силување со убиство Асановски го сторил на први октомври 2009-тата во 23 часот, кога преку прозор влегол во домот на Стефка Јорданова и откако барал пари, ја силувал и за старицата да молчи и ставил чорап и крпа во уста, од кои подоцна таа и се задушила.

Асановски призна дека заборавил да ги извади од устата на старицата, бидејќи бил нервозен и збунет. Но судскиот процес не може да продолжи бидејќи иако готово, психијатриското вештачење изработено од Клиниката на психологија во Скопје одамна готово, не е добиено.

Причина за тоа е што велешкиот суд не го платил вештачењето, па  стручните лица не го испорачуваат се додека не легнат парите на нивната сметка. Обвинетиот Емран Асановски, кој за себе рече дека е зависник на наркотици, на претходното рочиште ги призна делата за кој обвинителството го товари, убиство и силување  на Стефка Јорданова ( 78 год), силување на Г.М. ( 75 год), две разбојништва и две тешки кражби, единствено негираше дека од Јорданова украл 15 илјади денари и злато.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »