речник контакт

Јаболко за примерните, лута пиперка за несовесните возачи

Пиперките бргу се потрошија, јаболката останаа. Сите грешат вклучувајќи ги и полицајците

Петар Печков

Јаболко за примерните, лута пиперка за несовесните возачи. Така денес низ велешките улици сообраќајната полиција, заедно со граѓанското здружение СОЗБ ги наградуваа односно казнуваа  возачите  во градот. На овој начин тие ги потсетува дека треба да ги почитуваат сообраќајните прописи, да бидат врзано со сигурносен колан, да не возат побрзо од 40 км низ град, да ги пропуштаат пешаците не пешачки премин, не носење кациги за мотористите. Пораката на оваа кампања е – животот е еден за тоа да се внимава кога се седнува зад волан.

Лута се пиперка делевме  бидејќи сме лути на возачите кои не ги почитуваа прописите, јаболката беа за примерните. Целта на овој проект е подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот. Што повеќе вакви активности тоа подобро за граѓаните, да научат да ги применуваат и почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот и на тој начин да се избегнат сообраќајните незгоди. За  да се случи една сообраќајка влијаат фактор човек, фактор автомобил, фактор пат и  потребно е сите три да ги поправиме – вели Гордана Живковиќ, координатор на проектот.

При спроведувањето на акцијата бргу се потрошија пиперките, оти велешани се покажаа дека не го почитуваат законот, додека јаболката останаа. Акцијата продолжува и утре по патиштата низ Македонија. Граѓаните пак во дилема, што да им се додели на полицајците во униформа, некои дури и сообраќајци. Затоа што минат на црвено на пешачки на семафорите, затоа што разговараат со мобилен додека возат службен автомобил, затоа што не даваат предност на пешачки...

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »