речник контакт

Јавен дервиш во Велес

Верувања и суеверија. Од записите на Цепенков

Петар Печков

Во попа-Чукниево маало имаше еден чоек што го викаа на прекар Плетипатка. Тој беше напраил една куќа пред 20-30 години на едно арно место, арно ама местото се погоди т’л’с’млија, тики бидејќи куќите уште нови, беше му се присенило едно сениште на дервиш, го гледале ноќе да си оди, од куќа во одаја, од одаја во одаја, качи се горе, одозгора слези долу. Веќе цел домаќин си бил во новата куќа. Убао го гледале со очи кога рашетуал низ сета куќа: облечен со бела сакма, на глаа ќулав, опашан со ремен, брадата долга, перчето растресено, в раце голем чибук. Со една реч, исто како дервишите од теќето велешко.

Се чудел Плетипатка, макар и друзи велешани, како никна тој ѓаолски дервиш толку бргу во нови куќи. Барем да беа некој стари куќи, ајде де, можи да има дервиш, сениште, вапир и друзи т’л’с’ми, ами овие куќи нови од Плетипатка и да никни дервиш, како бидуало тоа? Ете бидуало, чунки местото било од некој вак’ф, зер од некое старо дервишко теќе, и дервишот си седел на место, та си го вардел како стопан, како што има во секоја куќа стопани, та откоа ја напраи куќата плетипатка, дервишот си ја усвоил. Ете беља, Господ да чуа, чоек како си налепуат коа да не знаит куќа да праит на вак’фско место.

Седоа што седоа некое време Плетипатковци во новите куќи и, откоа видоа оти не се живеит од тој пусти дервиш, чунки са ноќ не и остаал да заспијат, не оти и задевал нешто али и налегнуал, ами од шетањето низ куќи и од отворањето вратите и долапите. Са ноќ отворај и вратите и долапите и тропај: дран, друн, дран, друн! Од тоа нешто не се можело да се живеат од девишот и уште беше умрел некој чоек од куќата, та на тоа згора си излегле Плетипатковци од таа куќа и си ошле со кирија.

Постојале што постојале празни и и фатил некој со кирија да седит, чунки куќите беа на арно место и многу угодни за домаќин да живеит. Арно ама, најмногу ќе седеле еден месец и бегај да бегаме праеле, од пустио страв на дервишот.

Друзи влегле и тие до месецо избегале, треќи, четврти, петти што влегле за со кирија да седат, сите беа избегале. Најпосле и затрнија и никој веќе не беше влегол во нив да седит. Изоткорнаа врати, долапи, пенџериња и друзи штици свет, та си и разнесоа за да си и горат. Останаа куќите на Плетипатковци за Еѓупците да седат во зима и најпоеќе кој ќе поминел да се врател, ја да пушти танката вода, ја дебелата.

И така од ден на ден коа сами паѓај, коа Еѓупците туркај, аќибет се сотреа токму до земјата, се урнаа и ден-денеска местото празно си стој и кој велешанец стар да прашаш ќе ти каже оти од дервиш се запустиле од Плетипатка куќите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »