речник контакт

Јавен час на цртање на стрип јунакот Загор

Велешани покажаа голем интерес за работилницата каде италијанецот Лоренти ги учеше како се црта стрип јунакот Загор

Петар Печков

Во преполниот Ликовен салон во Велес, Италијанецот Мауро Лоренти таткото на стрип јунакот Загор одржа јавен час по цртање. Просторот беше претесен да ги прими сите заинтересирани, па во некои клупи седеа и по двајца заинтересирани, само да присуствуваат на единствената можност, на цртањето на Загор во живо. Освен од Македонија на овој час присуствуваа и  автори од Србија и Косово.  Посетителите поставуваа прашања за Лоренти кој е  еден од екипата на дваесет цртачи на стрипот Загор, а тој е задолжен за цртања на главниот јунак. Тој за посетителите на оваа работилница ексклузивно им го претстави дел од цртежите  од последниот број на Загор, кој наскоро ќе излезе во Италија во продажба.

Загор го цртам 20 години, почнувајќи од 1993-тата година, откако се повлече неговиот прв цртач Галиен Фери. Работам откако ќе го прочитам сценариото. Еве доаѓањето во Велес ќе ми послужи како инспирација за цртање на некои ликови. Некои од епизодните личности во одделен број се мои блиски роднини, пријатели, луѓе што ги знам и нивните лица ги користам во стриповите. Може некој од Вас ќе се најде во наредните броеви на Загор.  Неговиот лик е  мешавина на Тарзан, Гордон Флеш, вестерн филмовите, додека неговиот  верен пријател Чико е инспириран од Пајо Паторот и затоа се толку сакани и популарни – рече Лоренти, кој го црта и стрипот за врколаците Дамфир.

Одговарајќи на прашањата на посетителите на работилницата кажа дека во Италија имаат 6 илјади тираж, стрипот е многу читан и на Балканот, Србија, Хрватска, Грција и Турција каде се снимени и два  играни филма за Загор.Се чита и во Бразил, Мексико и Аргентина. Првото име на Загор било Ајакс, но кога авторот  Бонели слушнал дека има прашок за перење со тој наслов, го променил. Издавачката куќа ,,Бонели,, каде  Лоренти црта,  освен Загор и Дамфир, ги издава Дилан Дог, Командант Марк, Текс Вилер, Марти Мистерија и тие  излегуваат еднаш месечно, а цената на еден стрип е три  евра поединечно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »