речник контакт

Јавна опомена од антикорупциска, или директор или советник

Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатира состојба на судир на интереси кај членовите на Советот на општина Велес: Асен Прличков и Панче Иванов

Петар Печков

Државната комисија за спречување на корупцијата  постапувајќи по предмет од областа на судирот на интереси  констатира состојба на судир на интереси кај лицата Асен Прличков и Панче Иванов поради извршување на две функции истовремено.

Наведените лица се членови на Советот на општина Велес и истовремено вршат функција директор и тоа: Асен Прличков на Општинското основно училиште “Васил Главинов” од Велес, а Панче Иванов на Општинското средно училиште “Јовче Тесличков” од Велес.

Од овие причини  во насока на отстранување на настанатата состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до наведените лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршувањето на едната од двете функции кои во моментов ги извршуваат со што ќе ја отстранат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат.

Асен Прличков и Панче Иванов не постапија по барањето на Државната комисија, по што, во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија донесе Одлука  на овие лица да им изрече мерка Јавна опомена.
Согласно со член 23 став 4 од Законот за спречување на судир на интереси Асен Прличков и Панче Иванов се должни во наредниот период од 15 дена сметано од денот на приемот на одлуката со која им се изрекува мерката јавна опомена да преземат дејствија во насока на  отстранување на состојбата на судир на интереси.

Доколку тоа не го сторат Државната комисија за овие две лица до градоначалникот на општина Велес ќе покрене иницијатива за престанок на вршењето на јавните овластувања или должности .
Во смисла на член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси изречените мерки се објавуваат во средствата за јавно информирање.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »