речник контакт

Јавните набавки во општината најчесто се за градежни работи

Просечно секој жител во општината лани платил по 3.786 денари за јавна набавка. Која фирма добила најмногу средства во Велес, а која пошироко. За јавните набавки и во Лозово, Градско и Чашка

Петар Печков

Четвртина од општинските пари се трошат за јавни набавки. Најмногу од нив, 44 отсто се за градежни работи изградба на патишта, водоводи, 37 отсто се за услуги најчесто превоз на ученици а  една петина  за набавка на  стоки- најмногу набавка  на нафта.  Ова се бројките кои се презентирани во истражувањето на Призма а проектот е финансиран од УСАИД.

Или конкретно во 2015-тата од Локалниот буџет на Општина Велес  одвоени се   206,5 милиони денари, што  е 26 отсто до вкупните средства на Општинскиот Буџет, кој бил во висина од  785 милиони денари.

Јавните набавки биле реализирани преку 138 проекти.  Така просечно секој жител во општината лани платил по  3.786 денари  за јавна набавка.

Републичкиот просек е 3,8 илјади денари или Општина Велес е под просекот.  Најмногу средства  при распределбата добила фирмата ,,Евро Инженеринг ,,од Велес со 33,7 милиони денари или учествувал со 16,3 отсто во вкупната маса.  

Потоа на листата се Пуцко Петрол од Пласница со 16 милиони или 7,7 отсто учество, па ,,Делта пром,, од Велес со 15,3 милиони денари  што е 7,4 отсто, па ,,Изгрев Инжинеринг,, со 13 милиони или 6,4 отсто, ,,Гранит,,  со 8,5 милиони што е 4,1 отсто, па,, Урбан инвест,, со 6,5 милиони денари  - 3,1 отсто и ,,Пан промет,, со 6 милиони што е 3 отсто од  вкупно  потрошените средства лани во Општина Велес од Јавните  набавки. 

 Општина Лозово од 30 милиони буџет, 70 отсто или  20 милиони  троши на јавни набавки а лани биле реализирани 15. Или секој жител просечно плаќа по 8,1  илјади денари.  На листата  на изведувачи в оди  АТП од Свети  Николе со 47 отсто или 9,9 милиони денари, пред Изгрев Инженеринг  од Велес со 36 отсто или 7,6 милиони  денари, па Ве груп од Радовиш со 1,8 милиони денари  или  8,5 отсто. Дури 92 отсто од средствата за јавни набавки  во Општина Лозово се трошат за работи. 

 Општина Чашка од 138 милиони денари на јавни набавки троши 30 милиони или 21 отсто од  Општинскиот  Буџет. Лани биле реализирани 25 тендери а просечно секој жител  платил по 3,7 илјади денари.  На листата со најмногу добиени средства води Изгрев инженеринг со 18,1 милион денари  или 61,4 отсто. Второ место се Маро –турс  и ТП Оли  со 2,35 милиони денари или 8 отсто. Такси ЛА-БИ е четврти со 6,2 отсто или во пари 1,8  милиони денари.  Најмногу пари од  јавните набавки во  Општина Чашка се трошат за работи  62 отсто, 24 за услуги и  17 за стоки.

 Општина Градско лани 31 отсто од Општинскиот буџет потрошила за јавни набавки. Тоа се  15 милиони од 47,7 милиони Буџет. Повеќето завршиле за работи цели 71 отсто а 29 за услуги, пари з а стоки не се одделиле. И во оваа општина води  Изгрев Инженеринг со 5,4 милиони денари или 35,7 отсто, па МИ Комерц 2000 од Кавадарци со 5,3 милиони денари. Трет е Цеко комерц од Градско со 1,9 милиони или 12.5 отсто, потоа е Давид А турс од Неготино со  1,75 милиони што е  11.6 отсто до општинскиот буџет. 

Збирно најдобро од велешките фирми стои Изгрев  инженеринг кој лани добил 12 јавни набавки, на територијата  на општините Велес, Градско, Лозово, Чашка, Гевгелија со вкупна вредност од  54,8 милиони денари  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »