речник контакт

Јагма за станови на Хабитат, три за еден

На распишаниот конкурс за распределба на седум стана, во населбата на Хабитат, лоцирани во населбата Тунел, аплицирале 21 семејство а постапката кој ќе ги добие е во тек.

Петар Печков

Седумте станови од програмата на Хабитат во Велес, наменети за лица со ниски примања отидоа како ,,алва,,  откако за нив се јавија трипати повеќе заинтересирани. На распишаниот конкурс за распределба на овие седум стана, лоцирани во населбата Тунел, аплицирале 21 семејство а постапката кој ќе ги добие е во тек.

Овој дополнителен конкурс беше објавен откако претходно селектираните семејства се откажале, поради не можноста  да одговорат на условите за отплата на становите, кои ќе бидат добиени со долгорочен кредит на 20 години. На градилиштето на двете згради, каде се наоѓаат 24 стана, завршена е изградбата на карабината а деновиве во тек се занаетчиските работи, во кои учествуваат и самите семејства, кои ги добија домовите.

Американската невладина организација Хабитат - Македонија година и пол ја гради првата населба во земјава, која е наменета за семејства со ниски приходи, која ќе има вкупно  90 живеалишта. Становите  се со површина од 50 до 73 метри квадратни, населбата се простира на пет илјади метри квадратни. Хабитат ја обезбедува комплетната финансиска конструкција во висина од  3,2  милиони долари а ја градат волонтери до целиот свет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »