речник контакт

Јакимовски и Михајловска победија на трката од 10 км , „Велес трча“ (фото)

На 5 км победници се Стојановска и Димитриевски

Петар Печков

Атлетската трка „Велес трча“ која се одржа во Градскиот парк  ја завршија 264 учесници во две трки на 5 и 10 км во машка и женска конкуренција.

На подолгата патека 10 км  кај жените победи  Фросина Михајловска  со време од 45 минути,  пред Јасмина Каркински 52,20 минути  и трето пласирана беше    Анита Китанова 53,52 минути  Кај мажите прв беше Игор Јакимовски со време од 37:17,пред Христофор Пејовски  39:37 и  Лаки Толовски  41:46. 

На пократката патека  од 5 км кај жените победи Марија Стојановска  со време од  21:28 минути, пред  Ана Атанасова  23:41 и Дарија Крстевска 24:00. Во машка конкуренција победник е  Роберто Димитриевски   кој патеката ја истрча за 18:03, втор беше Ибраим Мамудов  со 18:38 а трет  Ријад Шаипи  со 19:09.

Атлетската трка „Велес трча“ беше во организација на АК „Велес“ и беше дел од содржините на одбележувањето на 9 ноември, Денот на општината.

Стартот и целта беа на Градскиот стадион додека учесниците трчаа низ Градскиот парк.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »