речник контакт

Јана Бурчевска ќе пее за Македонија на Евровизија во Киев догодина

МРТВ се одлучи за млада и неафирмирана пеачка,која ја запознавме во шоуто Македонски идол 2012-та, со само три испеани песни досега

Петар Печков

Македонската Радио Телевизија како членка на Европската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 62 издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа „Избор за песна на Евровизија“ Киев, 2017 година.

Имајќи го предвид фактот дека според правилата на EBU, секој Национален радиодифузер има целосно право и слобода на избор на форматот низ кој се одлучува актуелниот национален претставник, МРТ одлучи на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, да и се довери на младата македонска интерпретаторка Јана Бурческа.

Својата музичка кариера Јана Бурческа ја започнува во првата сезона на Изборот за Македонски идол кадешто во финалето се пласира на петтото место.

Во 2011 година во улога на амбасадор во кампањата на UNICEF се вклучува во националниот проект- кампања „Заедно за училишта без насилство“.

Во 2012 година дебитира на сцената на Скопскиот фестивал со композицијата „Би била твоја“ за којашто го напиша текстот на музика на Валентино Скендеровски, со што веднаш се свртува и вниманието на музичката јавност на нејзиниот сензитивно префинет сценски перформанс и вокал.

На сцената на Фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ Јана Бурческа ќе настапи и во 2013 година заедно со Мики Секуловски со песната: „Љубовна“ за којашто музиката ја напиша Игор Атанасовски Харе, на текст од Игор Џамбазов и аранжман на Дамир Имери, како и во 2015 година со песната „Јас и ти“ на авторите Кристина Арнаудова и Бојан Трајковски.

Нејзините исклучителни вокални способности доаѓаат до израз во повеќе музички проекти, и соработки со голем број етаблирани авторски имиња од македонската музичка сцена, меѓу кои и со култната македонска група „Мизар“ со којашто ќе ја сними композицијата „Небо“ .

МРТ смета дека соработката што следува со Јана Бурческа, заедно со авторскиот тим на композицијата којашто ќе биде одбрана, ќе резултира со модерен и пред се атрактивен евровизиски производ , со афирмативен национален карактер во контекст на достојното претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »