речник контакт

Јаневски началник на СВР Велес

Oва е прво именување во Велес на раководна позиција, по доаѓањето на новата Влада

Петар Печков

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  го именува Злате Јаневски за нов началник на СВР Велес.  

Јаневски на оваа раководна позиција доаѓа од Управат за државна безбедност , каде работеше 25 години, или целиот досегашен работен век.  

Тој има посетувано повеќе меѓународни  семинари и обуки во земјава и регионот а имал и студиски престој во САД.   Јаневски е дипломиран економист и завршил на факултетот во Прилеп, при УКЛО. 

Тој во два наврати минатата година беше на оваа позиција, како резултат на ,,Пржинскиот договор,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »