речник контакт

Јанушев- со договорот со Грција се брише се што е македонско и вековно

Прашан за разногласието во партијата генералниот секретар рече најдобро да дадат одговор тие што дале изјави, што мислеле да кажат со тоа

Петар Печков

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вчера попладне имал средба со велешани, и како што појасни им ги објаснувал  штетните последици од како што го нарече капитулантскиот договор кој Владата на СДСМ и Зоран Заев го потпишале со Грција.

Од разговорите со граѓаните, еден помал дел не се запознаени со текстот  и тие не са согласуваат да прифатат ваков капитулантски  договор, кој не значи само бришење на името на државата, туку и на идентитетот, јазикот. Или се што е македонско и вековно и за што наши претходници се бореле и залагале. Низ разговорите со граѓаните на тие кои не им е јасно, објаснувавме зошто сме против договорот и зошто е штетен. Им препорачувам на граѓаните да го прочитаат договорот, и дека се доволно паметни и свесни за да знаат како ќе одлучат на 30-ти септември   - рече Јанушев.  

Напомена дека следната недела ќе имаат уште еден протестен марш, но местото и локацијата се уште не ја одредиле.    

 И за СДСМ е јасно дека референдумот нема да успее. Од друга страна Заев без никакво пардон нуди поткуп, за што поднесовме кривична пријава. Се погласни се шпекулациите дека    СДСМ е подготвена да се дрзне на фалсификат  на референдумот и очекувам дека граѓаните нема да го дозволат тоа - додаде Јанушев.  

На новинарското прашање за разногласието во партијата околу референдумот, Милошевски е за бојкот, градоначалникот на Кавадарци Јанчев е да се излезе и гласа против, екс министерот Тодоров е за ЕУ и НАТО.

Јанчев со неговиот став излезе пред партијата да го каже партискиот.   Изјавата на Тодоров кажа дека го поддржува влезот во ЕУ и НАТО но е против договорот со Грција. Подобро е да ги рпашате нив што мислеле кога тоа го изјавиле - рече Јанушев.   

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »