речник контакт

Јапонска донација за три училишта во Велес (фото)

Нова котлара и нови санитарни јазли, од грант вреден 54 илјади евра, за ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, ОУ Благој Кирков и ПОУ Маца Овчарова

Петар Печков

Три основни училиште во Велес, Благој Кирков, Јордан Хаџи Константинов Џинот и Посебното Маца Овчарова  добија нова котлара и нови санитарни јазли. Тоа е донација од Кралството Јапонија, реализирано преку нејзината амбасада во Виена.  Вредноста е 54 илјади евра а со неа ќе  имаат подобри услови за настава 730 ученика од овие училишта.  

Многу сум среќен, што Јапонија можеше да донира за да се подобрат условите за работа на учениците во овие три училишта.  Се надевам дека ќе најдеме  нови проекти за заедничка соработка. Сумата која беше одвоена не е голема но е доволна за да се помогне на овие училишта. Ова се мали грантови, но со големи резултати    – изјави амбасадорот Кијоши Коинума.

Тој при посетата на Велес, најави дека Јапонија од почетокот на наредната година ќе отвори своја амбасада во Скопје.    Со овие нови  котли, кои се на нафта,  се загреваат сите три  училишта, сместени во заедничка зграда.

Двата  котли  се од 500 киловати заедно со пропратни елементи за целосно функционирање, горилници, автоматика со механизација, пумпи, циркуларни пумпи, запчаници, експанзиони  и  собирни котли, вентили, термометри и манометри. Реконструкција на тоалетите  е на трите ката со промена на плочки, врати, водоводни канали, мијалници, писоари, прозорци.

Трите директорки на овие училишта изразија задоволство што  нивните учениците  во  образовните институции, добија нови подобри услови за следење на наставата.   Средства од  Јапонскиот  грант од 2015-та добија и општините Центар Жупа и Демир Хисар, како и Клиниката за радиологија, во вкупна вредност од 260 илјади евра. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »