речник контакт

Јапонски грант за Велес вреден 54 илјади евра

Ќе се користи за изградба на тоалети и парни котли во зградата на трите ОУ Маца Овчарова, Благој Кирков и Јордан Хаџи Константинов Џинот

Петар Печков

Општина Велес е една од трите во земјава која заедно со Клиниката за радиологија добија грант вреден 260 илјади евра.  На денешното потпишување со амбасадорот на Јапонија во Македонија, присуствуваше градоначалникот Славчо Чадиев.

 За општина Велес предвидени се околу 54 илјади евра, со кои средства ќе се набават два парни котли за греење  и ќе се обноват 20 тоалети за околу 800 ученици  од три училишта, кои учат во една  училишна зграда. Тоа се учениците од двете основни училишта Благој Кирков и Јордан Хаџи Константинов Џинот и од Посебното ОУ Маца Овчарова.  

 Средства од овој грант добија и општините Центар Жупа и Демир Хисар како и Клиниката за радиологија и се во вкупна вредност од 260 илјади евра.  

Ова е втор пат  Јапонската Влада да додели грант во Велес.  Јапонија му помогна на Велес во 2007-та со донација од 40 илјади евра, за набавка на мамограф во велешката Болница, по што велешките жени не  патува по околните градови, заради рано откривање на рак на дојката.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »