речник контакт

Јован Вранишковски со часови ја даваше неговата одбрана

Ова е политички организиран процес против мене смета екс Владиката Јован

Петар Печков

 Во повеќе часовната одбрана по обвинението за затајување тешко 325 илјади евра екс Владиката Јован  тврдеше дека е невин и жртва на политичкиот систем и тогашниот премиер Бранко Црвенковски. Тој  во Основниот суд во Велес  со часови ја даваше својата одбрана во која упати навредливи зборови и за обвинителството и за МПЦ и за медиумите кои пишуваа за ова дело, на што реагираше судијката, но Вранишкоски продолжи со истата реторика. Делото за кое се товари за него не е кривично.

Мојот прогон започна во времето на владеењето на Бранко Црвенковски и сега гонењето  продолжува по инерција. Тој е инспираторот на сите случувања кога застана во одбрана на МПЦ. Низ сите постапки овие десет години  кривичните постапки против мене се со политичка заднина и карактер. Дока за тоа се Годишните  извештаи на Стејт Департементот за верските и човекови права во Македонија, каде јас  и ПОА сме споменат со име и презиме. На оваа тема реагираше и Аменсти интернешенел во 2005-таг година. Причина е што јас  и ПОА застанавме зад Нишкиот договор во 2002-та година. Морам јавно да прашам ако јас за четири години сум направил таков криминал, што тогаш се другите во МПЦ направиле. Да потсетам на случаите Хотел Изгрев, судските спорови и гужви во Австралија, случајот Говрлево,. За ова никој не одговараше – рече Вранишкоски изнесувајќи ја неговата одбрана. 

За некои од делата за кој се товари, како што е купувањето на службениот автомобил со пари од Владата, начинот на плаќање и испорака го добил како препорака од владиката Тимотеј.   Јован повтори дека  црквата не била обврзана да води сметководство, како што водат правните субјекти и тој во времето кога е обвинет иако бил надлежен не бил потписник на сметките. Тој побара да се најде мотивот за криминалот што се товари, бидејќи таков и не постоел.

Јас се заветував на Бога. Освен ова на мене и неколку книги немам ништо имот. Не оформив семејство за завршив два факултети, докторирав но пари немам.  За кого би го стекнал ова богатство што сум го одзел, ги прашувам тие што ме товарат. Доказите за овој предмет се во СВР Битола и не можам да се бранам бидејќи тие не ги даваат. Ги земаа кога лица блиски до МВР го изгореа манастирот. Се вратив лани во Македонија, пред пресудата да стана правосилна,  за да ја одбранам својата чест и да докажам дека немам флеки во мојата биографија. Како што јас работев во периодот од тие спорни  четири години, работеа и другите во останатите Епархии на МПЦ. Во тој период сите мои годишни сметки на Епархиите минеле пред Архиерејскиот Управен Одбор на МПЦ за по мојот прогон да станаа незаконски – рече Вранишкоски.

За овој процес владее голем интерес, па освен бројни лица од МПЦ тука се и припадниците на ПОА, судењето го следат и гости од СПЦ и претставник на српската амбасада во Белград. Според обвинението, Вранишкоски во периодот 24.06.1998 до 09.07.2002, кога беше владика на МПЦ во три нејзини епархии, Преспанско - Пелагониската, Повардарската и Брегалничката, противправно  присвоил 21 милион денари.

Овие пари кои  му биле давани на рака од различни цркви и манастири ги присвоил, со нив купувал луксузни возила кои потоа биле продавани или присвоени од негови блиски луѓе. За ова дело два пати добиваше ослободителна пресуда а на третата доби казна затвор од 2,5 години и да врати на МПЦ 250 илјади евра. Истата му беше изречена во отсуство, откако Вранишкоски  во 2009-тата побегна од Македонија, па откако се врати процесот се повторува.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »